Инсајдерот Романо откри каде ќе игра Левандовски следната сезона (ФОТО)

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски ја напушта Барселона и се сели во МЛС-лигата, односно во тимот на Чикаго фајр.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека двете страни се договориле пред една недела и потпишале договор, а наскоро Левандовски ќе биде промовиран како ново засилување.

Левандовски се реши за ново поглавје во кариерата, откако претходно четири сезони играше за Барселона, а претходно го носеше дресот на Баерн Mинхен, Борусија Дортмунд, Лех Позњан и други екипи.

Фото: Facebook/FC Barcelona