Шпaнија е во големи проблеми пред мечот со Австрија!
Најголем проблем е повредата на Нико Вилијамс која ја заработи на мечот со Уругвај. Прегледите покажаа дека се работи за повреда на десниот адуктор.
„Ова ми е еден од најлошите денови во животот. Повторно се повредив по една многу тешка година“, порача Вилијамс преку социјалните мрежи.
Повреда заработи и Јереми Пино, додека Виктор Муњоз уште не е подготвен за настап. Тоа значи дека пред 1/16 финалето против Австрија, Ламин Јамал е единствениот целосно подготвен природен крилен напаѓач.