Холандска ѕвезда остана на СП и покрај тоа што го загуби нероденото дете
Во пресрет на нокаут фазата, трагична вест во холандската репрезентација.
„Со скршени срца ве известуваме дека го загубивме нашето бебе за време на бременоста“ – напиша партнерката на Гакпо, Ноа ван дер Биј.
Подоцна се огласи и самиот Гакпо, кој им се заблагодари на сите за пораките со поддршка и замоли за разбирање и приватност додека семејството се справува со оваа огромна загуба.
Иако минува низ еден од најтешките моменти во животот, Гакпо по разговор со својата партнерка решил да остане со Холандија и да продолжи да настапува на Светското првенство. Федерацијата соопшти дека ќе направи сè за да го заштити од дополнителен медиумски притисок и да му овозможи мир во овие тешки денови.