Зошто Алжирците лудо го славеа голот кој го примија од Австрија во 96. минута? (ВИДЕО)
Нерешениот резултат им одговараше на двете репрезентации, се стравуваше од можно договарање на резултатот. Дуелот заврши со реми, а дали имаше местенка или не, тоа не може да каже.
Но, имаше интересен момент на крајот. Алжирците го славеа примениот гол од Австрија. Причината е тоа што за нив нерешениот резултат беше подобар исход од победа.
Доколку победеа, за противник во нокаут фазата ќе ја имаа Шпанија, а сега со реми вкрстуваат со Швајцарија. Навивачите на Алжир го знаеа тоа, па се израдуваа кога примија гол.