Преседан на светските првенства: Првпат една репрезентација домаќин ќе игра во странство

Нокаут фазата од Светското првенство почнува вечерва со натпреварот помеѓу Јужна Африка и Канада, кој е закажан за 21 часот. Имињата на тимовите можеби не звучат толку привлечно, но тие ќе приредат историски преседан.

Канада ќе стане првата земја домаќин на еден мундијал во историјата чиј тим ќе игра надвор од својата земја, бидејќи ќе се соочи со „Бафана Бафана“ во Инглвуд, предградие на Лос Анџелес. Ова е прв случај во историјата на фудбалот.

Единственото Светско првенство каде што имало повеќе од една земја домаќин се одржа во 2002 година, кога Јужна Кореја стигна до полуфиналето, но без да мора да игра натпревари во Јапонија.

Калифорнија е мошне далеку од Канада, за разлика од Њујорк, Филаделфија или Бостон, па навивачите кои ќе сакаат да ја поддржат својата репрезентација ќе мораат да поминат долг пат. Ако Канаѓаните го освоеја првото место во својата група, ќе си играа во Ванкувер, а вака, таму ќе настапи Швајцарија која се среќава со Алжир.