Среќа или масло на ФИФА: Аргентина има чист пат до финалето! (ФОТО)
А, погледот на костурот од нокаут-фазата покажува дека „гаучосите“ имаат речиси отворен пат до полуфиналето, сигурно најлесен од сите други учесници, што на социјалните мрежи отвори дискусија дали е ова масло на ФИФА за да го види Меси во уште едно големо финале. Сензацијата на турнирот, селекцијата на Зеленортски острови е првиот ривал на Аргентина, потоа на терен би им истрчале Австралија или Египет, а во четвртфиналето би играле против селекција како Гана, Швајцарија, Алжир и Колумбија.
Без разлика на позадината, Аргентинците досега покажаа дека со право ги сметаат можеби за најголем фаворит, со оглед на убавиот фудбал што го прикажуваат и пред се фантастичната форма во која се наоѓа Меси.
