Меси од слободен го реши Јордан, Алжир и Австрија по голема драма го расплакаа – Иран (ВИДЕО)
Актуелниот светски шампион од стартот го наметна своето темпо и ја контролираше играта на теренот, а до водство стигна преку Ло Селсо во 19. минута.
Лаутаро Мартинез по половина час игра зголеми на 2-0 за Аргентина, по што следеше подобра игра од Јордан во вториот дел. Тоа им донесе гол преку Тамари во 55. минута и ја врати надежта на неговите сонародници. Аргентина, сепак, во завршницата од дуелот, односно преку Лионел Меси од слободен удар во 80. минута погоди за 3-1, што беше негов шести гол на Мундијалот.
Австрија постигна гол за водство преку Марко Арнаутовиќ. Сепак, Алжир не чекаше долго за одговор и набрзо одговори преку Белгали. Сабицер во 55. минута со прецизен удар ја врати предноста на својата екипа, но Алжир заигра подобро и преку Марез со два гола направи целосен пресврт. Алжир беше на праг до победа, но Австрија не се предаваше, па така во 96. минута преку Калајџиќ ги постави конечните 3-3. Ова значеше дека двете селекции се пласираа во следниот круг, елиминирајќи го Иран, кој како деветти меѓу третопласираните го заврши настапот на СП.
Фото: Selección Argentina in English