Доктор Модриќ блескаше: Хрватска не се коцкаше – преку Гана до нокаут-фаза (ВИДЕО)
Тоа беше рововска битка во сите 90 минути, која „коцкестите“ ја добија со борбена игра, предводени од феноменалниот Лука Модриќ, кого го имаше насекаде на теренот. Тој и покрај 41-годишната возраст, трчаше како тинејџер, а во финишот имаше неколку феноменални дефанзивни потези со кои го спаси својот тим. Петар Сучиќ им донесе водство на Хрватите во првото полувреме, но Лукасен во 73. минута го изедначи резултатот, по спорна ситуација во која мораше да се чека потврда од ВАР собата. Јунак на хравтска беше Никола Власиќ со погодокот со глава во 83. минута, по мајсторски изведениот корнер од Модриќ.
Англија, пак, со сигурна победа над Панама (2-0) го потврди првото место во групата, што значи дека Хрватска во шеснаесетина финалето ќе игра против второпласираниот во групата К, односно против Колумбија или Португалија, кои подоцна играат меѓу себе за тоа кој ќе биде прв, а кој втор во групата.
ФОТО: X / @CroatiaFooty