Вечерва се игра најбараниот натпревар досега на Мундијалот!
Ова ќе биде директна пресметка за првото место во групата, но и дуел кој предизвика најголем интерес кај навивачите од сите натпревари во групната фаза на турнирот.
Колумбија веќе обезбеди место во нокаут-фазата по победите над Узбекистан (3-1) и Конго (1-0), со што има максимални шест бода. Португалија, пак има четири бода по ремито со Конго (1-1) и убедливата победа над Узбекистан (5-0).
Португалците мора да победат ако сакаат да го освојат првото место во групата, додека на Колумбија ѝ е доволен и нерешен резултат за да остане лидер.
ФИФА уште во декември, по почетокот на продажбата на билетите, објави дека токму натпреварот меѓу Колумбија и Португалија е најбараниот дуел од групната фаза на Светското првенство. Во првите 24 часа беа поднесени околу пет милиони барања за билети, а пресметката во Мајами беше убедливо на врвот на интересот.
Подоцна, ФИФА соопшти дека во текот на целиот продажен циклус пристигнале повеќе од 500 милиони барања за билети, при што дуелот меѓу Португалија и Колумбија останал најатрактивниот натпревар за навивачите во оваа фаза од турнирот.