Битолчанката Ивана ги освои хрватските фанови во Филаделфија: Навивам за моите браќа (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Хрватска вечерва во Филаделфија го игра натпреварот против Гана oд третото коло и во него ќе бараат резултат за пласман во следната фаза. Пред овој дуел хрватските новинари разговараа и со Македонка која е на работа во САД.

Во разговорот со хрватските новинари, битолчанката Ивана не ги криеше симпатиите кон хрватската репрезентација и јасно порача: „Навивам за моите браќа“.

Исто така таа и ја запеа „Македонско девојче“...Како течеше разговорот погледнете во видеото.

Натпреварот помеѓу Хрватска и Гана е закажан за во терминот од 23:00 часот по средноевропско време.