Тепачите од Уругвај ѝ направија штета на Шпанија - за двајца фудбалери заврши Мундијалот

Победата на Шпанија од 1-0 над Уругвај може да се покаже горка за актуелниот европски шампион.

Постои сериозна загриженост дека Шпанија би можела да го изгуби крилниот тандем Нико Вилијамс-Јереми Пино до крајот на Светското првенство, откако влегоа како резерва и се здобија со сериозни повреди.

Вилијамс, кој влезе во игра во 76. минута за Ламине Јамал, страда од болки во мускулите. Доколку медицинските тестови ја потврдат повредата, многу е веројатно дека ѕвездата на Атлетик Билбао нема да се опорави на време за преостанатите натпревари на Шпанија на Светското првенство. Ситуацијата е уште посериозна за Пино, кој го замени голгетерот Алекс Баена во 66. минута. Се верува дека тој го завршил натпреварот со фрактура на клучната коска. Доколку дијагнозата се потврди по медицинските тестови, играчот на Кристал Палас сигурно ќе биде надвор од терените до крајот на турнирот во САД, Канада и Мексико.

Сето тоа беше последица на исклучително грубата игра на уругвајските фудбалери кои не бираа средства да ги запрат противничките ѕвезди. Малку недостасуваше како Пино и Вилијамс да заврши и Ламин Јамал кој беше жртва на неколку остри стартови на противничките играчи, па затоа и малку покажа на натпреварот.