Милан го договори најскапото засилување во својата историја! (ФОТО)

Поранешниот италијански шампион Милан, по разочарувачката сезона, реши да направи ремонт на екипата, а едно од засилувањата доаѓа на напаѓачката позиција.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека „росонерите“ се договориле со ПСЖ за трансфер на Гонсало Рамош за сума од 50 милиони евра плус бонуси и тоа ќе биде најскап трансфер во историјата на Милан.

Рамош веќе ги прифатил условите на Милан и наскоро се очекува да потпише договор, по што ќе биде промовиран во црвено-црниот дрес.

Напаѓачот минатата сезона настапи на 45 натпревари за парижаните, а притоа постигна 12 голови и две асистенции.

Фото: PSG - Paris Saint-Germain