Норвешка без Халанд и Одегард ќе ја нападне Франција

Двајцата најдобри фудбалери на Норвешка, Мартин Одегард и Ерлинг Халанд би можеле да го пропуштат натпреварот против Франција.

Норвешките медиуми пишуваат дека двајцата фудбалери би можеле да останат на клупата за резерви затоа што селекторот Солбакен сака да направи големи промени за да ги одмори најдобрите играчи пред нокаут-фазата.

Норвешка и Франција ќе се соочат вечерва од 21 часот во Масачусетс.

Фото: Facebook/Fotballandslaget