Неверојатно: Реал Мадрид експресно заработи 51 милион евра на Нико Паз!
„Кралевите“ ја активираа клаузулата за откуп во договорот на Паз за девет милиони евра, а веднаш потоа повторно му го продадоа фудбалерот на Комо за 60 милиони евра, што значи дека оствариле заработка од 51 милион евра.
Според информациите на новинарот Фабрицио Романо, „кралскиот клуб“ повторно ќе вметне откупна клаузула во договорот на Паз, но таа ќе биде драстично повисока од претходно, иако засега не се открива точната сума.
Аргентинскиот репрезентативец минатата сезона настапи на 40 натпревари за Комо, а притоа постигна 13 голови и осум асистенции.
Фото: Facebook/Como 1907