Вардар им даде 12 гола на аматерите од Норчиа - Закариќ стрелал петпати!

Актуелниот македонски шампион Вардар убедливо го совлада италијанскиот аматерски тим Норчија (12-0) во контролен натпревар одигран во рамките на подготовките во Италија.

Најрасположен во редовите на „црвено-црните“ беше Закариќ, кој постигна пет погодоци. По два гола запишаа Николов, Дурански и Пиреш, а домашниот тим си постигна и еден автогол. За Вардар ова беше уште една успешна проверка во подготвителниот период, во која тренерот им даде шанса на поголем број фудбалери и ја тестираше формата на екипата пред новата сезона.

Следниот контролен натпревар вардарци ќе го одиграат против Ла Фиорита од Сан Марино, тим со кој се сретнаа и минатото лето во квалификациите за Конференциската лига.