Винисиус добил интересен облог против Анчелоти!
Винисиус по натпреварот откри интересен детал дека се обложил со Анчелоти и успеал да победи, иако тренерот сметал дека Бразилецот нема шанси да постигне гол со глава.
„Му ветив дека ќе постигнам ми гол со глава, а тој ми кажа дека такво нешто е невозможно и дека ќе ми даде подарок ако успеам“, открива Винисиус.
Бразил го освои првото место во групата Ц со седум поени и подобра гол-разлика од Мароко.
Фото: Confederação Brasileira de Futebol/FIFA