Кукуреља веќе врбува други играчи на Челси да потпишат за Реал Мадрид!

Иако пред само неколку дена стави потпис на договор со Реал Мадрид, Марк Кукуреља веќе се вклучу во кампања за и други фудбалери на Челси да го следат неговиот пример.

Мета на Реал Мадрид е Енцо Фернандез, тој и во текот на минатата сезона флертуваше со кралскиот клуб, а се чини дека ова лето би можел да го оствари трансферот од соништата.

Марк Кукуреља се чини дека нема многу почит кон поранешниот клуб, тој влезе во кампањата за Фернандез да пристигне на Бернабеу.

„Се надевам дека Енцо Фернандез исто така ќе дојде во Реал Мадрид. Би бил многу среќен. Можноста ние двајца да му се приклучиме на Реал Мадрид во исто лето би била фантастична“, вели Кукуреља.

Енцо Фернандез во овој момент е главна цел на Реал Мадрид, а се верува дека двата клуба може да најдат заеднички јазик бидејќи ова лето веќе соработуваа за трансферот на Кукуреља.