Три гола за едно полувреме во Сиетл: БиХ води со 2-1 против Катар (ВИДЕО)

Фудбалерите на Босна и Херцеговина водат со 2-1 на полувреме против Катар во третото коло од групната фаза на Светското првенство (СП).

Керим Алајбеговиќ го отвори резултатот со прекрасен гол во 29. минута од натпреварот, по што пет минути подоцна Катар си постигна автогол преку Султан Ал Браке.

Катар тргна во напад во продолжение од средбата и во финишот на првото полувреме успеа да погоди преку Хасан Ал Хајдос.

Фото: Facebook/Nogometni savez Bosne i Hercegovine