Шок за навивачите: Новак Ѓоковиќ неочекувано се повлече од турнирот во Лондон!
Тоа што дополнително ја зголемува неизвесноста е фактот што официјална причина за повлекувањето сè уште не е соопштена. Српскиот ас требаше денеска да одигра натпревар против Карен Хачанов, кој беше планиран како негова единствена генерална проба на тревната подлога пред стартот на третиот гренслем во сезоната. Наместо Ѓоковиќ, на теренот ќе се појави Мартин Дам, моментно 106. тенисер на АТП-листата.
Организаторите единствено го ажурираа распоредот и ја потврдија промената, без дополнително објаснување зошто Србинот се откажал од настапот, иако неговото учество претходно беше официјално најавено. Ваквиот развој веднаш отвори прашања околу здравствената состојба на Ѓоковиќ, кој во поголем дел од сезоната имаше проблеми со повреда на рамото. Сепак, охрабрувачки беше неговиот настап на Ролан Гарос, каде делуваше физички стабилно и покрај изненадувачката елиминација од Жоао Фонсека во третото коло.
Новиот турнир на Вимблдон стартува на 29 јуни, а времето за адаптација на тревната подлога полека истекува. Титулата ја брани Јаник Синер, додека Ѓоковиќ ќе се обиде да стигне до својот осми трофеј во Лондон и да се израмни со рекордот на Роџер Федерер.