„Англичаните имаа среќа - судиите од ВАР беа на кафе-пауза кога требаше да добиеме пенал!“
Во центарот на вниманието беше дуелот меѓу Езри Конса и Принс Аду во казнениот простор на Англија. Ганците бараа пенал, но главниот судија и ВАР-собата проценија дека нема доволно елементи за најстрога казна. Таквата одлука предизвика бес кај селекторот на Гана, Карлос Кеирош.
„Не сум сигурен дали ВАР воопшто работи на Светското првенство. Имам свое мислење за таа ситуација и сметам дека тоа беше чист пенал за Гана. Со шансите што ги создадовме во второто полувреме, Англичаните треба да бидат среќни што освоија бод и што ВАР-судиите беа на кафе. Нормално и јас сакам одвреме-навреме да се одморам со кафе“, изјави Кеироз.
Португалскиот стратег смета дека не само што требало да биде досуден пенал, туку и дека англискиот дефанзивец требало да биде исклучен.
„За мене тоа е чист пенал и црвен картон. Сепак, ако се погледне целиот натпревар, резултатот е реален. Англија повеќе ја контролираше топката, но и ние имавме свои можности, па на крајот можеме да бидеме задоволни со бодот“, додаде Кеирош.
По две одиграни кола, Англија и Гана имаат по четири бода и во последната рунда ќе влезат во одлична позиција за обезбедување место во нокаут-фазата на СП.
ФОТО: X / @le_Parisien