Роналдо блесна во сиот свој сјај, лесна победа за Португалија! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо одигра одличен натпревар, постигна два гола и беше главен играч во победата од 5-0 на Португалија над Узбекистан.

Роналдо и Португалија добија многу критики по натпреварот против ДР Конго во кој одиграа само реми. Но, денеска беше поинаку.

По само шест минути игра на мечот, Роналдо постигна гол за водство на Португалија од 1-0.

Десетина минути подоцна Португалија доби слободен удар на 18 метри. Целиот свет помисли дека Роналдо ќе шутира, тој се местеше, но изненадувачки му ја остави топката на Мендеш кој биеше и постигна гол за 2-0.

На пет минути до крајот на првото полувреме Роналдо даде нов гол за веќе убедлива предност од 3-0. Победникот беше решен.

Малку фалеше Роналдо да постигне хет-трик во првиот дел, имаше прекрасен лоб пред последниот судиски свиреж, но Узбекистанците вадеа од гол линијата.

Четвртиот гол на мечот беше автогол, Нематов си ја затресе сопствената мрежа во 60. минута за 4-0.

Конечните 5-0 ги постави Рафаел Леао со гол во 87. минута од натпреварот.