Ѕвездата на Мароко шокираше – најави пензија по Мундијалот!

Мароканскиот репрезентативец Нусаир Мазрауи ја изненади фудбалската јавност со изјава дека по завршувањето на Светското првенство би можел да ја заврши професионалната кариера.

Во разговор со медиумите, Мазрауи откри дека сериозно размислува за поинаков животен пат по фудбалот.

„Можно е да одлучам да се повлечам по Светското првенство. Животот е краток“, изјави мароканскиот фудбалер.

Тој нагласи дека една од неговите најголеми животни цели е целосно да го научи Куранот и во иднина да се посвети на верска служба.

„Сакам да го научам Куранот напамет и еден ден да станам имам во џамија“, додаде Мазрауи.

Неговите зборови предизвикаа бројни реакции меѓу навивачите, особено затоа што станува збор за фудбалер кој и натаму настапува на највисоко ниво и од кого се очекуваат најдобрите години од кариерата.

Инаку, Мазрауи има 28 години и во овој момент е фудбалер на Манчестер јунајтед.