Врач од Гана сака да му фрли „клетва“ на Кејн (ФОТО)

Нана Кваку Бонсам, кој е врач од Гана, најави дека ќе му фрли „клетва“ на капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн пред мечот во вторник.

Англија се надева дека со победа над Гана ќе обезбеди пласман во нокаут-фазата, но Бонсам вели дека со свои моќни ќе го запре Кејн.

„Работам на Кејн, веќе покажав за што сум способен. Знам што треба да направам за да го запрам. Познат сум по моите моќи. Не сакам да му нанесам тешка повреда. Доволно е да го запрам само против мојата земја“, кажа тој.

Фото: Facebook/England football team