Италијанскиот фудбал доби нов претседател (ФОТО)

Фудбалскиот сојуз на Итлаија соопшти дека има нов претседател. На кормилото во иднина ќе биде Џовани Малаго, кој беше поуспешен од Џанкарло Абате во борбата да го наследи Габриеле Гравина.

Изборите се одржаа во Рим во просториите на Фудбалскиот сојуз при што Малаго добил речиси 69 отсто од гласовите.

Малаго во минатото бил и претседател на италијанскиот олимписки комитет, и тоа во период од 2013 до 2025 година.

Неговиот претходник Гравина се повлече по елиминацијата на Италија во баражот за пласман на Мундијалот.

Фото: Italy ⭐️⭐️⭐️⭐️