Обрадовиќ: Се вратив во еден од најголемите клубови во светот!

Жељко Обрадовиќ денеска беше претставен како нов тренер на грчкиот гигант Панатинаикос во Атина, каде што беше пречекан од голем број навивачи.

Легендарниот кошаркарски стратег потпиша тригодишен договор и со тоа го почна новиот мандат во клубот со кој веќе испиша историја.

„Пресреќен сум што сум повторно тука. Ова е нешто посебно и подготвен сум за новите предизвици. Овој клуб е огромен. Се враќам во еден од најдобрите клубови во светот“, кажа Обрадовиќ.