Политичарка со градите привлекува внимание: Такви сме ние Мексиканците (ВИДЕО)

Мексиканската политичарка Сандра Куевас предизвика внимание на Светското првенство каде со останатите навивачи го славеше пласманот во нокаут фазата и беше провокативно облечена.

Многумина го коментираат нејзиниот изглед, некои ја споредуваат со култниот модел Мар Кастро која дојде до светска слава во текот на Светското првенство 1986 во Мексико.

„Што да правам, не можам едноставно да ги тргнам. Не го доживувам тоа како нападно. Ќе има такви кои го сметаат тоа за навреда, но такви сме ние Мексиканците“, рече Куевас на нападите дека провоцира со облеката и појавувањето во јавност.

Таа реши да не им дава значење на коментарите и да продолжи да ужива во атмосферата заедно со навивачите. Сандра Куевас има голема поддршка на социјалните мрежи.