Ендрик не добива многу минути на Мундијалот, но е брутално искрен!
Ендрик кој важи за еден од најголемите бразилски таленти, не влезе во игра на првиот меч, а на вториот доби шанса во текот на второто полувреме.
Како и секој и тој сака да има повеќе минути на теренот, но за разлика од некои, тој е многу реален.
„Анчелоти не го прави тоа што е најдобро за Ендрик, не го прави тоа што е најдобро за фановите, тој го прави тоа што е најдобро за тимот“, рече Ендрик изразувајќи голема почит за селекторот.