Неверојатен пад на Сабаленка: Вторпат за три недели загуби сет со 0-6!

Најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка, остана без пласман во финалето на турнирот во Берлин, откако во полуфиналето беше поразена од Американката Џесика Пегула (4-6, 7-6, 0-6) во меч кој траеше два часа и 16 минути.

Најголемо внимание привлече начинот на кој Сабаленка го загуби решавачкиот сет. Белорусинката не освои ниту еден гем во третиот дел од мечот, продолжувајќи го загрижувачкиот тренд на големи падови во клучните моменти. Ова не е првпат да ѝ се случи вакво нешто во последниот период. Само пред неколку недели, на Ролан Гарос, Сабаленка исто така загуби решавачки сет со 0-6 во дуелот против Дијана Шнајдер, иако претходно беше рамноправна во натпреварот.

Токму поради тоа, тениската јавност сè почесто го поставува прашањето дали светскиот рекет број еден има проблем со физичката или менталната издржливост кога натпреварите влегуваат во завршната фаза. Од друга страна, Пегула одигра одличен меч и заслужено стигна до финалето, каде што ќе се сретне со победничката од второто полуфинале меѓу Линда Носкова и Александра Еала.