Вардар во Италија ги продолжува подготовките за европскиот предизвик со Купс (ФОТО)
По двата пријателски натпревар со локални екипи во кои Вардар забележа победи, денеска фудбалерите тренираа во својата база каде и што ќе останат до 2 јули кога тимот се враќа во Скопје.
Подготовките под водство на Фабијани засега се одвиваат според планот и без некакви повреди што е најважно.
Првиот натпревар со Купс Вардар го игра дома на 7 јули, додека реваншот е седум дена подоцна во Хелсинки.








