Шкендија Арачиново се засили со капитенот на Работнички и со искусен повратник од Кипар!
Станува збор за доскорешниот капитен на Работнички, Бесир Демири (31) и искусниот напаѓач, Марко Симоновски (34). Првиот е некогашен фудбалер на Вардар, Шкендија, Шкупи а имаше и интернационална кариера во Украина, Словачка, Албанија, Косово. Тој игра на неколку позиции во тимот и потекнува токму од клубот од Арачиново.
Вториот, пак, е повратник од Кипар, каде што вториот дел од минатата сезона го помина во тимот на Еносис Паралимни. Симоновски е „дете“ на Металург, а има играно уште и за Напредок, Амкар Перм (Русија), Сплит, Лахти (Финска), Волунтари (Романија), Фероникели, Дрита (Косово) и уште неколку домашни и странски тимови.