Најтажниот фудбалер на СП 2026 вечерва ќе се обиде да ги расплаче Германците!
Во фокусот ќе бидат европското дерби меѓу Холандија и Шведска, убедливата Германија која брка нова победа, но и историскиот 1.000. натпревар на мундијалите.
Холандија – Шведска (19:00)
Европската пресметка во Хјустон може директно да реши кој ќе го освои првото место во групата Ф. Холанѓаните на стартот испуштија победа против Јапонија (2-2) и сега немаат простор за нов кикс, додека Шведска пристигнува во одлично расположение по убедливиот триумф од 5-1 над Тунис. Интересно е што двата претходни дуели на овие селекции на големите натпреварувања завршиле без постигнат гол.
Германија – Брег на Слоновата Коска (22:00)
Во Торонто се игра меч кој може да го даде првиот осминафиналист од групата Е. Германија на Јулијан Нагелсман импресионираше на отворањето со убедливите 7-1 против Курасао, што беше десетта последователна победа за „панцерите“. Сепак, фудбалерите на БСК покажаа дека се незгоден противник, откако со гол во самиот финиш го совладаа Еквадор (1-0). Африканците ги предводи Жан Диоманде, фудбалер кој неодамна ја трогна јавноста со емотивното писмо до својата почината сестра, а вечерва ќе се обиде да приреди уште едно големо изненадување.
Еквадор – Курасао (недела, 02:00)
Во Канзас Сити двете репрезентации ќе играат натпревар без право на грешка. Еквадор несреќно загуби од Брегот на Слоновата Коска со гол во 90. минута и ќе бара први бодови против селекцијата на Курасао. Од друга страна, тимот предводен од искусниот Дик Адвокат ќе се обиде да ги заборави седумте примени голови од Германија и да стигне до историскиот прв бод на Светските првенства.
Тунис – Јапонија (недела, 06:00)
Во Монтереј ќе биде одигран јубилејниот 1.000. натпревар во историјата на Светските првенства. Тунис во дуелот влегува со нов селектор, Ерве Ренар, кој го наследи Сабри Ламуши по тешкиот пораз од Шведска (1-5). На спротивната страна е Јапонија, која освои вреден бод против Холандија (2-2) и со евентуална победа ќе направи огромен чекор кон пласман во осминафиналето. Пред љубителите на фудбалот е уште еден ден исполнет со дербија, борба за елиминациската фаза и историски моменти на најголемата светска фудбалска сцена.
ФОТО: Facebook / Deutschland.de