Новинарка жестоко го нападна Доку зашто ќе го напушти СП поради - раѓање на дете!

Ѕвездата на белгиската репрезентација, Жереми Доку, се најде во центарот на голема дебата во европската спортска јавност, откако најави дека би можел привремено да го напушти мационалниот тим за време на СП 2026 за да присуствува на раѓањето на своето дете.

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити очекува да стане татко на почетокот на јули, период во кој Белгија би можела да настапува во нокаут-фазата на Мундијалот. Додека дел од јавноста смета дека семејството е поважно од секое спортско натпреварување, други веруваат дека репрезентативецот треба да остане со националниот тим до крајот на турнирот.

Најмногу реакции предизвикаа зборовите на француската телевизиска водителка Франс Пјерон, која жестоко ја критикуваше можната одлука на Доку.

„Кога имаш можност да играш на СП, има стотици фудбалери кои би дале сè да бидат на твоето место, а ти ќе заминеш за да присуствуваш на раѓањето на своето дете, што, простете ми, е одвратен момент во кој таткото е целосно бескорисен и има улога на статист“, изјави Пјерон.

Нејзините зборови предизвикаа неверување во студиото, а поранешниот светски шампион во бокс Брахим Аслум веднаш реагираше.

„Како мислиш бескорисен? Кој ја дава поддршката?“, праша Аслум.

Сепак, водителката остана на својот став, тврдејќи дека Доку би изгубил драгоцено време, би се изморил и би го нарушил ритамот за време на Мундијалот. Таа дополнително изјави дека „бебето секогаш ќе биде тука, а СП нема“, што предизвика уште посилни реакции на социјалните мрежи.

Голем број навивачи и јавни личности ги оценија нејзините коментари како навредливи и несоодветни, нагласувајќи дека присуството на таткото при раѓањето на детето е еден од најважните моменти во животот. Во меѓувреме, самиот Доку не се огласи околу контроверзата и останува целосно фокусиран на настапот на Белгија на Светското првенство. По ремито против Египет во првото коло, Белгијците ги очекуваат дуели со Иран и Нов Зеланд во борбата за место во нокаут-фазата.

ФОТО: FACEBOOK / @Manchester City FC - Manchester Evening News