Македонските футсалци ги дознаа ривалите во квалификациите за СП (ФОТО)

Македонија денеска ги доби ривалите на денешната ждрепка во Нион за главната рунда од квалификациите за Светското првенство (СП) во футсал, па така ќе игра во група со Шпанија и Финска.

Натпреварите во квалификациите за СП 2028 во футсал се закажани во период од декември 2026 до март 2027 година, при што победниците на групите и четирите најдобри второпласирани тимови ќе се пласираат во елитната рунда, додека останатите осум второпласирани тимови ќе играат плејоф од главната рунда.