Драма на СП: Хакими доби лоша вест пред Шкотска – ќе му се суди поради силување!
Веста доаѓа во исклучително незгоден момент за 26-годишниот дефанзивец, бидејќи Мароко вечерва го игра вториот натпревар на Светското првенство против Шкотска. Случајот датира од февруари 2023 година, кога млада жена пријави во полиција дека била силувана од Хакими. Фудбалерот од самиот почеток категорично ги отфрла обвинувањата и тврди дека станува збор за лажна приказна.
По најновата одлука на судот, Хакими се огласи преку социјалните мрежи и порача дека со нетрпение го очекува судењето.
„Искрено, ова судење го чекам од првиот ден. Сега сум уште поподготвен, бидејќи конечно ќе можам да зборувам“, напиша мароканскиот репрезентативец.
Тој истакна дека со години одлучил да молчи, верувајќи дека трпението, достоинството и довербата во правосудниот систем ќе доведат до правилна одлука.
„Денес се шири приказна која не е моја приказна и која му нанесува штета на моето семејство, на мојот живот и, пред сè, на вистината. Понекогаш имам чувство дека станав лесна мета“, додаде Хакими.
Судскиот процес ќе треба да утврди што навистина се случило, а исходот ќе биде од голем интерес за спортската јавност, особено затоа што станува збор за една од најголемите ѕвезди на Мароко и стандарден првотимец на европскиот шампион ПСЖ.