Хорор во Ванкувер: Со груб старт му го уништи мундијалскиот сон на Коне (ВИДЕО)

Вознемирувачка сцена беше забележана на дуелот меѓу Канада и Катар (6-0) во второто коло од Светското првенство (СП), при што Исмаел Коне се здоби со тешка повреда на ногата.

Коне заврши со скршена нога по еден дуел со Асим Мадибо во второто полувреме, а тоа предизвика прекин на играта и фудбалерот мораше итно да биде пренесен во болница.

Проценките се дека Коне ќе паузира надвор од теренот околу шест месеци, што е голем удар за Канада.