Мексико се избори за нокаут-фаза, Канада со шест гола го растури Катар (ВИДЕО)
Ларин го отвори резултатот и донесе водство за Канада од 1-0, по што Дејвис стрелаше уште два пати до крајот на првото полувреме (3-0), а Ал Амин доби црвен картон кај Катар поради прекршок.
Канада продолжи со доминацијата во вториот дел, но го загуби Коне кој се здоби со тешка повреда по грубиот прекршок на Мадибо. До крајот на средбата Салиба стрелаше за 4-0, па Ал Манаи си постигна автогол (5-0), додека Дејвид со комплетираше хет-трикот во судиското надополнување.
Мексико стигна до победа над Јужна Кореја со еден гол, и тоа во 50. минута кога Ромо ги постави конечните 1-0.