Канада доби големо засилување за дуелот со Катар
Дејвис се рехабилитирал од повредата, поради која го пропушти мечот против Босна и Херцеговина (1-1), па сега ќе може да им помогне на своите соиграчи во борбата за победа.
„Оваа недела беше на тренинг, а ќе биде достапен за дуелот против Катар“, кажа селекторот на Канада.
Натпреварот меѓу Канада и Катар ќе почне на полноќ во Ванкувер.
Фото: Facebook/Canada Soccer