Скандал: Фудбалер кој игра на СП 2026 е под истрага за местење натпревар!

Светското првенство (СП) го тресе голем скандал, откако се појави информација дека фудбалерот на Брегот на Слоновата Коска, Еље Вахи е под истрага поради сомнение за местење натпревар.

Фудбалерот, кој минатата сезона го носеше дресот на Ница, е осомничен дека намерно добил жолт картон во француското првенство против Мец на 17 мај.

Според информациите на „Атлетик“, Вахи бил уапсен од полицијата на 29 мај, по што француската лига отворила истрага.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска се наоѓа под истрага, но и покрај тоа настапи во победата над Еквадор (1-0).