Официјално: Реал Мадрид се пофали и со Бернардо Силва
Силва летово ќе наполни 32 години, па двегодишниот договор изгледа како логично решение и за двете страни. Иако повеќе не е на врвот од својата кариера, искусниот Португалец носи поинаков профил во средниот ред, како и лидерски квалитети и креативност кои би можеле да бидат од голема корист за тимот во текот на сезоната.
„Реал Мадрид и Бернардо Силва постигнаа договор според кој португалскиот фудбалер ќе биде играч на Реал Мадрид во следните две сезони, односно до 30 јуни 2028 година“, соопштија од клубот.
Португалскиот репрезентативец денеска го очекува првиот настап на Мундијалот со Португалија против селекцијата на Конго, тој натпревар е закажан за во терминот од 19:00 часот.
Во Мадрид Силва пристигнува како слободен играч откако му истече договорот со Манчестер сити.
👋 ¡Bienvenido, @BernardoCSilva ! 👋 pic.twitter.com/FYU1TiqJAS
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 17, 2026