Со ваков Меси светските шампиони можат далеку – израмнет рекордот на Клосе! (ВИДЕО)

Репрезентациите на Аргентина и Норвешка изминатата ноќ предводени од Лионел Меси и Ерлинг Халандстигнаа до победи во своите први натпревари на Мундијалот.

Не почна сè така идеално за Аргентинците, откако Чаиба погоди и го прослави голот постигнат во осмата минута од натпреварот. Сепак, по интервенција на ВАР, погодокот беше поништен поради офсајд. Претходно и Меси постигна гол, но не успеа ниту да го прослави, бидејќи помошниот судија веднаш сигнализираше недозволена позиција.

Само девет минути подоцна, капитенот Меси со одличен удар од далечина донесе водство за Аргентина. До крајот на првото полувреме двете селекции играа претпазливо и без поголеми возбудувања пред двата гола.

Избраниците на селекторот Владимир Петковиќ не покажаа многу ниту во второто полувреме, додека Аргентина целосно ја презеде контролата и заигра далеку поофанзивно.

Половина час пред крајот на средбата, расположениот Меси го зголеми водството на својата репрезентација, а во 76. минута го комплетираше хет-трикот со гол за конечни 3-0.

Со трите погодоци, Меси го израмни рекордот на Мирослав Клосе по бројот на голови постигнати на Светските првенства. Двајцата сега се на врвот на вечната листа со по 16 голови, додека зад нив е бразилскиот Роналдо со 15.

Во натпреварот претходно Норвешка го совлада Ирак со 4-1, Халанд два гола постигна во првото полувреме кога стрелаше и Хусеин за 2-1 на паузата.

За Норвешка во вториот дел погоди и Остигард, додека во финишот стрелецот на голот за Ирак Хусеин си постигна и автогол за конечни 4-1.