Силекс ќе се соочи со бивш белоруски првак, Шкендија доби противник од Гибралтар
Екипата од Кратово за противник го доби поранешниот белоруски шампион Динамо Минск, а првиот натпревар го игра на гостински терен, по што реваншот е закажан во Македонија.
Шкендија за ривал во квалификациите го доби тимот на Европа од Гибралтар, при што на првата средба ќе биде гостин, додека во реваншот ќе биде домаќин.
Првите натпревари се играат на 9 јули, додека реваншите се закажани за 16 јули.
Фото: Facebook/ФК Силекс