Претседателот на бразилскиот сојуз снимен со љубовницата во САД (ФОТО)

Додека бразилската фудбалска репрезентација се бори за нова титула на Светското првенство (СП), претседателот на фудбалскиот сојуз на земјата, Самир Шауд би можел да остане без сопругата.

Шауд се најде во центар на скандал, откако новинарите го фотографирале како седи во друштво на неговата љубовница во популарен ресторан на Менхетн.

Првиот човек на фудбалскиот сојуз на Бразил веќе 20 години е во брак со Наталија Лопез, со која има три деца.