Македонец предизвика земјотрес во Србија – од Звезда се сели во Партизан!

Александар Занзуровски, чиј татко е од Македонија, а мајка од Порторико, предизвика бурни реакции во српската јавност, бидејќи според последните информации тој ја напушта Црвена звезда за да потпише за Партизан.

Занзуровски има 14 години и блескаше во редовите на пионерскиот тим на Звезда, меѓутоа преку социјалните мрежи потврди дека заминува. Според информациите на српските медиуми негова следна дестинација ќе биде најголемиот ривал на „црвено-белите“, па така без разлика што ќе игра во младинските категории неговиот трансфер предизавика реакции и коментари од навивачите.

Инаку, неговиот татко кој има идентично име и презиме пред четврт век играше во македонското првенство и тоа во дресот на Работнички, а потоа се пресели во Германија. Сепак поради повреди прерано ја заврши кариерата. Инаку, Занзуровски има и американско државјанство бидејќи е роден во Њујорк.