Фудбалска лудница во Чешка: Теплице и Викторија Пилзен постигнаа десет гола (ВИДЕО)
Гостите од Пилзен имаа фантастичен старт и по само десет минути водеа со неверојатни 3-0. Хрошовски погоди во првата минута, Кабонго зголеми на 2-0 во третата, а Двех во десеттата минута донесе огромна предност за својот тим.
Но, Теплице експресно се врати во натпреварот. Маречек во 12. минута и Радоста во 21. намалија на 2:3, но Видра во 28. минута повторно ја зголеми предноста на гостите. До паузата паднаа уште два гола. Чермак во 35. минута намали на 3-4, па Викторија Пилзен на одмор замина со предност. Во првото полувреме беа постигнати дури седум гола. Во вториот дел следуваше нов пресврт. Аута во 54. минута израмни на 4:4, а само пет минути подоцна Фортелни го комплетираше пресвртот и му донесе водство на Теплице од 5-4. Сепак, Викторија Пилзен не се предаде. Вишински во 68. минута погоди за 5-5 и го постави конечниот резултат.
До крајот немаше нови голови, иако гостите останаа со десетмина по црвениот картон на Крчки во 88. минута. По три одиграни кола, Теплице има седум бодови и се наоѓа на третото место, додека Викторија Пилзен со само два бода е на 11. позиција.