Селекторот на Иран го крена гласот: Не ни дозволија ниту да се одмориме!
Селекторот на Иран, Амир Галенои, изјави дека неговата репрезентација е „најмалтретираниот тим на Светското првенство“.
„Американците нѐ принудуваат веднаш по натпреварот да се вратиме во нашата база во Тихуана, во Мексико. Поминавме многу време во авион и сакавме да се опоравиме и да тргнеме во вторник. Но, по натпреварот дојдоа и ни кажаа дека мора веднаш да заминеме“, изјави Галенои.
Пред натпреварот, Иранците ги посетил и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Сепак, според капитенот на репрезентацијата, Мехди Тареми, таа посета не променила многу работи.
„Џани сака да помогне, но тоа не зависи од него. Сите добро го знаете тоа. Знаете и каде се наоѓаме. Ќе видиме што ќе се случува во наредните денови. Засега сме во катастрофална позиција“, изјави Тареми.
Многу реакции на социјалните мрежи предизвика и прославата на Иранецот, Мохеби кој го постигна вториот гол за израмнување, а потоа гестикулираше пукање со пиштол (ТУКА).
Фото: Team melli/Instagram