Иранецот Мохеби ги разбесни Американците – даде гол, па „пукаше“ со пиштол! (ВИДЕО)
Една од темите која се коментира после натпреварот е прославот на Мохамед Мохеби кој постигна гол за 2-2 во 64. минута од средбата.
Тој по постигнувањето на голот истрча на трибината пред навивачите и во еден момент гестикулираше како пука од огнено оружје, тој негов потег предизвика бројни коментари.
„Одвратно. Мохамад Мохеби постигнува гол и веднаш со прстот имитира пукање директно кон Иранците на трибините кои мавтаат со знамиња. Тоа не е прослава, туку директна закана. Марионета на Исламската Република на теренот, покажа кому му служи, а не на вистинскиот народ на Иран“, стои во еден од коментарите на социјалните мрежи.
„Ете што се случува кога ќе пуштите терористи внатре!“, додава друг корисник.
Сепак, имаше и такви кои понудија поинакво толкување на ситуацијата.
„Не гледам ништо спорно во тоа. Ако истото го направеше која било друга репрезентација, немаше да се крене толкава прашина“, смета друг корисник.
Дел од реакциите беа и многу поостри.
„Овие ирански фудбалери треба да бидат протерани од нашата земја поради тоа што го направија“.
Ќе потсетиме, Иран поради ситуацијата не престојува во САД и веднаш по натпреварот се врати во кампот во мексиканската Тихуана.