Човекот кој ја шокираше Аргентина во Катар станува селектор на Мундијалот
Досегашниот селектор на Тунис, Сабри Ламуши доби веднаш по убедливиот пораз од Шведска со 5-1 во првото коло од Групата Ф, а раководството го избрало Ренар за негов наследник.
„Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Тунис, Муаз Насари, објави дека е постигнат официјален договор со францускиот тренер Ерве Ренар за преземање на националниот тим. Ренар во денеска ќе пристигне во Монтереј, каде што ќе го одржи првиот тренинг со репрезентацијата. Функцијата селектор ќе ја извршува до крајот на Светското првенство“, соопшти државната телевизија на Тунис.
Ќе потсетиме, Ренар беше на клупата на Саудиска Арабија на минатиот Мундијал и тогаш во првото коло ја шокираа Аргентина со триумф од 2-1.
Фото: AFC