Уругвајците во шок, Американците ги претресуваа со кучиња! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Уругвај вчера ремизираше против Саудиска Арабија 1-1 во нивниот прв натпревар на Мундијалот, но оваа селекција се соочуваше и со сериозни проблеми при влезот во САД. 

Според информациите што кружат во јавноста нивните летови биле повеќепати одложувани, па репрезентативците едвај пристигнале навреме за натпреварот во рокот предвиден од ФИФА.

По пристигнувањето во земјата, уругвајските фудбалери биле пречекани со уште едно непријатно изненадување. Пред хотелот во кој биле сместени, тие биле подложени на детални полициски проверки, како да станува збор за опасни криминалци.

На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како полицијата, со помош на кучиња трагачи, ги проверува нивните куфери и спортска опрема.