За 90 минути му се смени животот: Пред Шпанија имаше 46 илјади, сега има 2,6 милиони следбеници (ФОТО)

Голманот на Зеленортски Острови, Возиња е најголем херој во досегашниот дел од Светското првенство, а денеска, за само 90 минути против Шпанија тотално му се смени животот.

Членот на португалскиот второлигаш Чавес иако има 40 години, не ѝ беше познат на пошироката светска фудбалска јавност. Денеска блесна против актуелниот европски шампион, оствари седум одбрани, ѝ донесе огромен бод на својата репрезентација и буквално го привлече на себе целото внимание.

Најдобар доказ за тоа е неговиот профил на Инстаграм кој буквално експлодираше за време и по мечот со Шпанија. Пред почетокот имаше само 46 илјади следбеници, а до моментов има 2,6 милиони со тоа што бројките рапидно се зголемуваат од минута во минута.

Ако се знае дека Зеленортските Острови имаат вкупно 490 илјади жители, излегува дека Возиња има над петпати повеќе следбеници.