Ракометните младинци почнаа да се подготвуваат за ЕП – закажани три контроли!

Младинската репрезентација на Македонија денеска и официјално ги стартуваше подготовките за претстојното Европско првенство, откако во Скопје беше извршена прозивката на избраниците.

Ракометните таленти во наредниот период ќе тренираат во спортскиот центар „Јане Сандански“, каде што ќе ја темпираат формата за настапот на континенталниот шампионат. Македонија, како дел од подготовките, ќе одигра и три контролни средби против квалитетни ривали како Саудиска Арабија (26 јуни), Грција (2 јули) и Италија (5 јули).

Пријателските натпревари ќе бидат последна проверка на формата и можност стручниот штаб да ја воигра екипата пред почетокот на ЕП, кое ќе се одржи во Романија (8-19 јули).